Паника во Русија: Додека го чекале говорот на Путин, Русите најмногу гуглале „како да ја напуштите Русија“

Од:

Во пресрет на најавеното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, ширум Русија луѓето беа на нозе.

Недолго откако се појави веста за обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, настана паника.

Имено, според податоците достапни на Google Trends, Русите гуглале „како да ја напуштите Русија“. Таа фраза беше најмногу пребарувана на Гугл околу 18 часот по локално време, а претходно во вторникот руските пратеници едногласно усвоија закон со кој се воведуваат концептите „мобилизација“ и „вонредна состојба“.

Во говорот, Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација и рече дека доколку Западот продолжи со, како што рече, „нуклеарната уцена“, Москва ќе одговори со сета сила на својот арсенал.

– Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ќе ги искористиме сите расположливи средства за да го заштитиме нашиот народ – тоа не е блеф – рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски