Паника во Елисејската палата: Макрон доби отсечен прст

Од:

Отсечен прст e испратен до резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објави весникот „Валеурс акуелес“, цитирајќи извор од безбедносните сили.

Вознемирувачкиот пакет бил примен во Елисејската палата помеѓу 9 и 10 јули, рекол изворот, додавајќи дека човечкиот додаток го пронашла полицијата.

Пакетот наводно пристигнал во пресрет на Денот на Бастилја, францускиот национален празник кој се слави на 14 јули. Според пријавата, лицето кое го испратило прстот по пошта е идентификувано.

„Ова веднаш ги активираше соодветните процедури за случаи кои вклучуваат вознемиреност, така што засегнатите лица можат да контактираат со соодветните служби и да подлежат на медицинска проценка“, рече изворот.

Канцеларијата на Макрон одби да коментира за ова прашање, извести „Валеурс акуелес“.

Во 2021 година, шпанските власти пресретнаа коверти со заканувачки писма и куршуми испратени до неколку политичари и функционери. Во 2022 година, шпанската полиција уапси 74-годишен маж како дел од истрагата за писма-бомби испратени до различни институции, вклучително и Министерството за одбрана на земјата.

Минатата година Украина објави дека нејзините амбасади во Европа добиле „крвави“ пакети со животински очи.

Би можело да ве интересира

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски