Памела Андерсон со писмо до Путин: Ве молам ослободете ги китовите

Од:

Холивудската актерка Памела Андерсон му упати отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, со кое бара да ги ослободи китовите што се заробени во близнина на местото Нахотка во регионот Приморски крај.

Андерсон, која е членка на Советодавниот комитет на Меѓународниот фонд за благосостојба на животните, писмото го објави на интернет страницата на Фондацијата што го носи нејзиното име.

Во писмото таа го моли Путин да нареди нивно ослободување.

– Ви пишувам во врска со 11 орки и 87 белуга китови, кои моментно се заробени во близина на Нахотка. Сакам да и се заблагодарам на руската Влада што презема важни чекори во спречување на меѓународна продажба на тие китови. Разбирам дека Владата презеде иницијатива да ги ослободи тие големи суштества и да ги врати во нивните природни води на рускиот Далечен Исток, напиша Андерсон.

Таа се надева дека руската Валада во соработка со еколози и меѓународни стручни лица ќе развие професионален план за враќање на китовите орки и белуги во нивното природно живеалиште.

Претходно беше објавено дека 11 орки незаконски биле откриени при обид за нивна продажба во Кина и оти се чуваат во посебен центар во Нахотка, како и околу 90 белуга китови.

Поднесена е кривична пријава поради нелегалниот лов, а пред три дена Путин им нареди на министерствата за природни ресурси и за земјоделство да одлучат за судбината на китовите до 1 март.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

Јас сум милион отсто Русин: Стивен Сигал со порака до Путин

Предраг Петровиќ

Пленковиќ: Да, Хрватска ќе го уапси Путин

Пропагандистот на Путин бесен: Бомбардирајте ја Германија, нивните територии се сега наша цел

А1он

Путин издаде наредба: „Моќно оружје тргнува во поход“

А1он