Пленковиќ: Да, Хрватска ќе го уапси Путин

Од:

Андреј Пленковиќ истакна дека во случај на посета на Владимир Путин ќе реагира хрватската полиција и надлежните органи.

Доколку рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, дојде во Хрватска, тој ќе биде уапсен во согласност со процедурата предвидена со закон, изјави во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Хрватска пристапи кон статутот на Меѓународниот кривичен суд и беше донесен закон за соработка со тој суд.

„Тој закон ги предвидува сите процедури во случај да има налог за апсење на лице и, колку што знам, таму не важи имунитетот. И секако би реагирале хрватската полиција и надлежните органи“, рече Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Хрватска ќе постапи во случај на посета на Путин.

Пленковиќ истакна дека ваквата посета „впрочем не е реална“.

„Не верувам дека толку брзо ќе отиде во земјите потписнички на Римскиот статут“, рече Пленковиќ во Брисел по самитот на ЕУ.

Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во четвртокот рече дека Унгарија нема да го уапси Путин доколку тој влезе во земјата, бидејќи нема правна основа за тоа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Тој суд издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина. На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Пленковиќ „нападнат“

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата