Палестинско знаме првпат ќе биде подигнато пред ОН

Од:

Палестинско знаме денеска првпат ќе биде подигнато во Обединетите нации, што е знак на надеж во време на растечки очај што не е создадена независна држава, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и Абас ќе претседаваат со 15-минутната церемонија откако палестинскиот лидер ќе се обрати пред Генералното собрание.

Израел и САД се против подигнување на палестинско знаме наведувајќи дека симболичниот гест не е во корист на мирот. Генералното собрание на ОН на 10 септември гласаше за истакнување на знаме на Палестина и на Ватикан, земјите кои имаат статус на набљудувачи. Резолуцијата беше поддржана од 119 земји, 45 беа воздржани и осум против.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски