Палестинците приговараат против одлуката на Трамп за преместување на амбасада на САД во Ерусалим

Од:

Васел Абу Јусеф, еден од лидерите на Организацијата за ослободување на Палестина (ООП) денеска предупреди дека преместувањето на амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим ќе биде „сериозно нарушување на меѓународните норми и резолуции“.

– Оваа одлука може да има сериозни последици не само за палестинското прашање, туку и за регионот во целина, изјави Абу Јусеф, член на извршниот комитет на ООП, цитиран од ДПА. 

Израел тврди дека Ерусалим е „неделлива и вечна престолнина на еврејскиот народ“. Неговите претензии се однесуваат и за арапскиот источен дел на градот, што Израелците го зазедоа во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна.

Палестинците, спротивно на Израелците, Источен Ерусалим го сметаат за идната престолнина на нивната независна држава, која треба да ја создадат.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека планира американската амбасада да ја премести во Ерусалим и градот да го признае за престолнина на Израел.

Меѓународната заедница не го признава Ерусалим за престолнина на Израел и затоа повеќето амбасади остануваат во Тел Авив.

Палестинското предупредување доаѓа непосредно откако Трамп соопшти дека го номинирал Дејвид Фридман, американски ортодоксен Евреин од државата Њујорк, за амбасадор на САД во Израел.

Самиот Фридман изјави дека очекува да биде сместен во Ерусалим.

Еврејските доселеници на окупираниот Западен брег на реката Јордан го поздравија изборот на Трамп за американски амбасадор во Израел.

Нивни виден претставник, цитиран од американските медиуми, изјави дека Фридман „длабоко ги сака сите земји и народот на Израел, вклучувајќи ги и оние во Јудеја и Самарија“, користејќи ги библиските имиња за двата дела на Западниот брег.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска