Палестинците јадат лисија, децата умираат, нема веќе изговори за Израел порача заменичката на Бајден

Од:

Американската потпретседалка Камала Харис повика на итно спроведување на шестнеделниот прекин на огнот во Газа за да се овозможи проток на поголема помош во опколената палестинска територија и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.

„Со оглед на огромното страдање во Газа, мора да има итен прекин на огнот, барем во следните шест недели“, рече Харис, предизвикувајќи овации од присутните на 59-годишнината од „крвавата недела“ во Алабама.

Таа отворено го повика Израел дека не прави доволно за да ја ублажи „хуманитарната катастрофа“ во Газа, бидејќи администрацијата на Бајден се соочува со зголемен притисок да го заузда својот близок сојузник додека се бори со милитантите на Хамас.

„Народот во Газа гладува. Условите се нехумани и нашата заедничка хуманост не принудува да дејствуваме. Израелската влада мора да стори повеќе за значително да го зголеми протокот на помош. Нема оправдувања“, рече Харис.

Таа додаде дека Израел мора да отвори нови гранични премини, да не наметнува „непотребни ограничувања“ за испораката на помош, да ги заштити хуманитарните работници и конвоите и да работи на обновување на основните услуги и унапредување на редот за „повеќе храна, вода и гориво да можат да стигнат до оние на кои им се потребни”.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски