Пакистанскиот Врховен суд го осуди денеска поранешниот претседател Первез Мушараф на смртна казна, во големиот судски процес за велепредавство и суспензија на уставот во 2007 година, пренесоа ДПА.
На Мушараф, кој со земјата владеееш од 1999 до 208 година, му се судеше во одсуство бидејќи пред неколку години го напушти Пакистан заради лекување и веста за пресудата ја прими во тешка здравствена состојба во болницата во Дубаи.
Од болничкиот кревет тој порача дека смета оти судењето не било фер бидејќи се воделео без негово присуство, но и заради тоа што тој и служел на својата земја „чесно“. Снимката на Мушараф на објавија пакистанските медиуми.
Конечата одлука за смртната казна ја донесе Врховниот суд во Исламабад, кој на тој начин ја поддржа претходната одлука на понискиот суд, а пресудата е донесена со прегласување, два спрема еден, пренесоа светските меидуми.
Тоа заради што му се судење на некогашниот генерал суспензијата на уставот заради останување на власт. Процесот на велепредавство беше почнат уште во 2013 година, а оваа, последна одлука, требаше да биде донесена порано, но адвокатите и на одбраната на обвинението, се обидуваа да ја пролонгираат.
На оваа одлука Мушараф има право на жалба.