По борбите што траеле 10 часа, пакистанската полиција спречила испланиран напад на екстремистите врз домот на премиерот Наваз Шариф во источен Пакистан, пренесоа американските медиуми.
Во операцијата на полицијата, што била изведена во текот на изминатата ноќ, биле убиени еден полицаец и еден екстремист. Уште еден екстремист бил примен во болница по престрелката во една куќа во близина на куќата на Шариф во градот Лахор.
За време на акцијата на полицијата премиерот не се наоѓал во неговиот дом.
Во акцијата се конфискувани поголемо количество оружје, експлозивни материјали и појаси со експлозиви за атентатори самоубијци.
Засега нема информации за тоа колку екстремисти биле замешани во заговорот.