Премиерот на Пакистан, Имран Кан денеска изјави дека не се плаши од заканите на лидерот на партијата Џамијат Улена е Ислам, Мулан Фазлур Рехман по неговата Влада.
Кан побара и одговорност од приврзаниците на Рехман кои синоќа влегоа во Исламабад и протестираат барајќи оставка од Владата.
Со цел да се спречат приврзаниците на опозицијата да пристигнат до Црвената зона, каде се лоцирани владините згради, Парламентот и амбасадите зголемени се безбедносните мерки.
Повеќе десетици илјади припадници на радикалната исламистичка партија синоќа протестираа во Исламабад против економските одлуки на Владата и бараа оставка од премиерот Кан.
Карванот од стотина автомобили и автобуси беше предводена од Рехман. Тие на маршот кон Исламабад тргнаа во неделата од Карачи. Во Исламабад пристигнаа синоќа околу полноќ извикувајќи слогани за промени. Тие поставија и шатори на место одредено од Владата.
Рехман изјави дека протестот е мирен, а приврзаниците дека имаат капацитет да го отстранат Кан од власт, така што би влегле во неговата резиденција. Тој исто така побара од армијата да остане неутрална, нагласувајќи дека опозицијата не сака судир со институциите.
Речиси сите пакистански главни политички партии пружија симболична поддршка на собирот на Рехман.