Пакистан сака да преговара со швајцарските власти за да си врати милиони долари кои со измама се однесени во швајцарските банки, соопшти Министерството за финансии во Исламабад.
Барањето беше испратено пред во Пакистан да почне истрага за корупција против поранешниот пакистански претседател Асиф Али Зардари. Тој заедно со покојната сопруга Беназир Буто е осомничен дека префрлиле околу 12 милиони долари во Швајцарија во 90-тите години од минатиот век.
Зардари во септември минатата година го изгуби претседателскиот имунитет по завршувањето на мандатот.
Во последните години Швајцарија воведе серија мерки со кои им се дозволува на земјите да си ги вратат парите кои нивните политичари ги скриле во банките.
– Пакистанската Влада напорно работи за да ги искористи новите швајцарски закони, изјави министерот за финансии Исхак Дар.