Пакистан бара меѓународна помош поради разорните поплави

Од:

Пакистан апелираше за дополнителна меѓународна помош поради разорните поплави што ја погодија земјата.

„САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и други земји придонесоа за апелот за катастрофата од монсуните, но потребни се повеќе средства“ изјави за Би-Би-Си претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи.

Како што наведе, од јуни досега загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а милиони се раселени. Тој додаде дека пакистанската влада прави се што е во нејзина моќ за да му помогне на народот.

Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови откако реките во провинцијата Хајбер Пахтунхва се излеаја од коритото, предизвикувајќи силни поројни поплави.

Силно погодена е и провинцијата Синд во југоисточниот дел на земјата, при што илјадници се раселени од своите домови. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека 33 милиони луѓе се погодени од поплавите, што е околу 15 отсто од населението во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Поплави во долината Неретва

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан