Пакистан бара меѓународна помош поради разорните поплави

Од:

Пакистан апелираше за дополнителна меѓународна помош поради разорните поплави што ја погодија земјата.

„САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и други земји придонесоа за апелот за катастрофата од монсуните, но потребни се повеќе средства“ изјави за Би-Би-Си претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи.

Како што наведе, од јуни досега загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а милиони се раселени. Тој додаде дека пакистанската влада прави се што е во нејзина моќ за да му помогне на народот.

Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови откако реките во провинцијата Хајбер Пахтунхва се излеаја од коритото, предизвикувајќи силни поројни поплави.

Силно погодена е и провинцијата Синд во југоисточниот дел на земјата, при што илјадници се раселени од своите домови. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека 33 милиони луѓе се погодени од поплавите, што е околу 15 отсто од населението во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави