Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Од:

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „киевски крадец, патолошки лажго и паразит“, кој го „умори“ американскиот претседател Доналд Трамп со своите махинации.

Во објава на својот канал Телеграм, Медведев изрази сомневање за стратешката несигурност за која се залагаат западните лидери, сметајќи дека Зеленски е одговорен за многу проблеми и спорови во западната политика, пренесе РИА Новости.

Своето мислење за иднината на Украина го искажа и Медведев, наведувајќи дека на Киев му преостануваат малку опции.

Медведев го изрази своето незадоволство од изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во претходното интервју зборуваше за можноста за испраќање западни трупи во Украина.

Тој го нарече Макрон „Микрон“ и го критикуваше за неговите контрадикторни ставови за Украина, нагласувајќи дека не може да се води политика што ја збунува и манипулира јавноста, пренесува руската агенција.

„Сепак, Трамп, Маск и другите, благо кажано, воопшто не ги сакаат и не ги почитуваат бандитите од Киев. И зошто Трамп би ги почитувал кога Зеленски го измамил во минатото. Што ќе се случи тогаш со Украина и нејзиниот сегашен неонацистички режим? Тие имаат две опции. Првата, да паднат пред нозете на Американците и да ги бакнат, веднаш да распишат избори и да се подготват за непријатен крај на војната-во суштина за капитулација. Второ, да се смират малку со бел прашок. Што ќе изберат?“, додаде Медведев.

Медведев денеска се надоврза на најавата на американскиот бизнисмен Илон Маск, кој се повика на извештаите на француската полиција дека функционер на украинското Министерство за одбрана украл 46 милиони долари и ги потрошил на вила, лозје и 27 парцели во Франција.

Медведев се согласи со неговата објава на Канал Х, пишувајќи „Токму така!

Маск постојано го критикуваше доделувањето на средства од претходната американска администрација за Киев, истакнувајќи дека тоа само ја поттикнува корупцијата, како во Украина, така и во САД.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара нова средба со Трамп

А1он

Трамп: Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас

А1он

Трамп: САД и Венецуела постигнаа договор за извоз на нафта во вредност од две милијарди долари

А1он

Порака од Москва за Америка: „Не си играјте игри со Русија“

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Предраг Петровиќ

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ е потребна на Америка, туку на Кина, и затоа го уапсивме Мадуро