Пад на популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон

Од:

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за четири поени и сега само 37 отсто од Французите се задоволни од неговата работа.

Само 37 отсто од Французите имаат поволни мислења за работата на нивниот претседател, наспроти 60 отсто кои се со неповолните мислења (+ четири отсто), може да се види во последната анкета на Ифоп за Журнал ди диманш.

Популарноста на премиерот Жан Кастекс опадна за еден поен според истото истражување, на 36 отсто наспроти 60 отсто (+ два отсто) негативни мислења за неговата работа.

Меѓутоа, во споредба со неговите претходници во истиот момент од мандатот, една година пред истекот, популарноста на Емануел Макрон е попозитивна со онаа на истата фаза од нивните за Никола Саркози 29 отсто и за Франсоа Оланд 17 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски