Пад на компјутерскиот систем во институциите во Копенгахен

Од:

Сите компјутерски системи во болниците во Копенхаген денеска не функционираа неколку часа, поради грешка во системот, која предизвика голем пад на комјутерската мрежа, соопштија властите во главниот град на Данска.

– Денешниот пад на мрежата се должи на грешка, која се појавила за време на извршувањето на стандардната процедура во рамки на една од централните мрежни компоненти, соопштија на Твитер градските власти, кои се одговорни за работата на болниците.

Големиот пад на компјутерскиот систем изутринава ги блокира системите на повеќе државни установи и болници во регионот на Копенхаген.

Како резултат на падот, забележан во 7:20 часот, беше стопиран системот за електронски медицински картички, државните службеници останаа без пристап до информациите во своите компјутери, а не работеа телефоните и кол центрите.

Во неколку градски болници беа активирани процедури за вакви ситуации, при што ситуацијата не се одрази врз пациентите.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ