Пад на цените на нафтата откако Бајден одлучи да испушти дел од резервите на САД

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден ќе објави денеска за испуштање на еден милион барели нафта дневно, или вкупно 180 милиони барели, од стратешките резерви на САД за да се спречи понатамошно зголемување на цените на горивото.

Најавата на Бајден предизвика пад на цените на суровата нафта на светските берзи. Идните испораки на марката Брент сега се тргуваат за 108.89 долари за барел, 4 отсто помалку. Додека идните испораки на американска сурова нафта на Волстрит утринава се тргуваа по 103.97 долари, пад од 3.6 отсто. Краткорочните контракти се тргуваат по 100.16 долари.

Во САД, цените на бензинот се покачија до рекордно ниво по инвазијата на Русија на Украина, и дополнителната загриженост за снабдувачката, што предизвика зголемена инфлација како во САД така и низ глобалната економија.

Русија е втор по големина извозник на нафта во светот, и досега невидените казнени мерки и меѓународни санкции по нападот на Украина го пореметија снабдувањето со нафта од земјата.

Во забалешка од најново истражување на Голдман сакс, се вели дека испуштањето од американските резерви може да помогне пазарот на нафта да се израмни во 2022 година но се вели дека тоа нема да го решири структурниот дефицит на нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп