Пад на цената на нафтата

Од:

Цената на нафтата на светските берзи е во пад поради несогласувањата помеѓу Саудиска Арабија и Русија. Ријад најави зголемување на производството на нафта во април на 12,3 милиони барели дневно, а вчера и Обединети Арапски Емирати соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта од следниот месец.

Американската нафта ВТИ (WTI) бележи пад од 5,4 проценти и се тргува за 31,47 долари за барел, додека цената на северноамериканската нафта „брент“ се намали за 5,7 отсто и се продава за 34,24 долари за барел.

Додека вредноста на американската валута се намали во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк. Вредноста на доларот се намали за 0,8 отсто на 103,66 јени, додека во однос на швајцарскиот франк забележа пад од 0,3 проценти на 0,9344 франци.

Еврото се тргуваше за 1,1292 долари, што значи раст од 0,2 проценти, додека британската фунта се намали на 1,2807 долари, што е најниско ниво ова недела.

На берзите раст забележа цената на златото за 0,1 отсто и унца чини 1.636 долари, но е значително помалку од понеделникот кога унца злато се продаваше за над 1.700 долари.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата