Пациент спасил возач на итна помош

Од:

Кристијан Наје, 60-годишен пациент раскажа за весникот Voix de Nord дека возачот кој го возел на преглед во Лил имал срцев удар.

Пациент, во доцен стадиум на карцином, го спасил животот на возачот на амбулантното возило кој добил срцев удар, и преземајќи го воланот на итната помош го однел во болница, јавија француските медиуми.

– Му реков: дај ми ги клучевите, верувај ми. Мојот живот не е во опасност, но твојот е, раскажа Наје. Исто така, во текот на возењето на возачот успеал да му даде средство против згрутчување на крвта. Единствно не можел да ја пронајде сирената, но ги запалилл ротирачките светла.

Според зборовите на Фредерик Алине, болничар на итното одделение на болницата во Ленс, да не бил Наје, возачот најверојатно ќе умрел. Самиот Наје потоа е префрлен во болницата во Лил на договорениот преглед.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз