Отворен оган кон претседателот на либискиот Парламент

Од:

Оган беше отворен вчера кон автомобилот на претседателот на либискиот Парламент, Мохамед Магариф.

Напаѓачите биле дел од група, која пред зградата на Парламентот бараше усвојување на закон, со кој ќе се забрани поранешни високи кадри од режимот на Моамер Гадафи да влезат повторно во власта.

Магариф, кој беше либиски амбасдор во Индија, не бил повреден во нападот. Во јануари тој го преживеа нападот, кој беше извршен во неговиот дом.

Вчерашниот напад беше извршен, додека Магариф заминувал од Парламентот, каде се одржуваше седница, посветена на спорниот закон. Додека во салата течеше дискусијата пред Парламентот се собраа повеќе лица, и Магариф и пратениците не можеа неколку часа да ја напуштат зградата. Кога тој успеал да ја напушти зградата бил отворен оган кон неговото возило.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска