Откриени над 800 темни галаксии во соѕвездието Береникина коса

Од:

Американските астрономи откриле во галактичкиот систем Береникина коса (Coma Berenices) повеќе од 800 галаксии, многу сиромашни со ѕвезди, и научниците претпоставуваат дека тие штитат од распад поголемо количество темна материја, се вели во студијата објавена во електронската библиотека на Универзитетот Корнел и во магазинот Astrophysical Journal Letters.

„Објавивме за пронаоѓање на приближно илјада многу разретчени галаксии во соѕвездието Береникина коса, од кои околу 400 отсто може да се споредат според размерот со големината на Млечниот пат. Овој пример не претендира на сеопфатност, но веќе го надминува претходниот за 10 до 20 пати“, пишуваат Џин Кода од Универзитетот на државата Њујорк во Стоуни-Брик и неговите колеги.

Претходно, Питер ван Докум од Универзитетот Јеил, и неговите колеги открија во истото соѕвездие 47 галаксии со многу мала густина на материјата, чиешто постоење не „го собира“ во постојната теорија. Сега Кода и неговите соработници додале уште 854 необични објекти, анализирајќи ги податоците добиени од јапонскиот телескоп Subaru, кој е лоциран на Хаваи.

Многу од откриените галаксии според димензиите се споредливи со нашата, меѓутоа нивните ѕвезди се илјади пати се помали. Привлекувањето на другите галаксии кон ова ѕвездено јато брзо ги „разорува“, но набљудувањата покажуваат дека ѕвездите во темните галаксии се стари, односно во соѕвездието постојат од пред голем период. Оттаму, нешто го попречува нивното распаѓање. Научниците претпоставуваат дека станува збор за големо количество темна материја, којашто сочинува дури 99 отсто од масата на таквите галаксии.

Научниците, исто така, сметаат дека темните галаксии се карактеристични за соѕвездијата. Кода и неговите колеги сугерираат неколку возможни механизми за губењето на гасовите од темните галаксии, неопходни за создавање нови ѕвезди. Тоа, според нив, може да се должи на фактот дека при движењето на галаксии во соѕвездијата гасовите ги збришуваат гасовите од претходни галаксии, поради заемните гравитациски влијанија со соседните галаксии или истовремени експлозии на неколку супернови.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ