Откриена некропола на воини од Ла Тен

Од:

Некрополата, што недамна беше откриена на север од Франција, на археолозите им овозможи да стекнат нови сознанија и факти за таинствените воини од Ла Тен (латенската) културата или цивилизацијата која доминирала со Европа неколку векови пред новата ера.

Петнаесет богато опремени гробови, од кои 14 се досега ископани, пронајдени се во близина на градот Бушер.

Ла Тен, наречени се по село во Швајцарија каде за прв пат се пронајдени докази за нивното постоење, а биле припадници на келтската култура која се развивала северно од Алпите до средината на првиот милениум пред новата ера.

Од таму тие се прошириле на просторот од Романија до Велика Британија.

Некрополата се наоѓа на 640 декари земја што ќе биде искористена за изградба на комерцијални и економски згради.

Истражувањата ги спроведува ИНРАП, огранизација специјализирана за таканаречената „спасувачка“ археологија.

Најимпресивно се погребани петмина воини, кои во смртта заминале со полна воена опрема, со копјата, штитовите и мачевите.

Недалеку од нив, пишува весникот „Археологија“, погребани се жени со раскошен бронзен накит меѓу кои и неколкуѓердани. Иако облеката одамна им се распаднала, остатоците од извонредни корални брошеви и игли зборуваат за некогашниот сјај на облеката.

Експертите велат дека нема докази за постоење на детски гробови што, велат, не е необично за гробишта на Ла Тен цивилизацијата.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска