Откриeна глобална криминална кибер мрежа што украла 100 милиони долари

Од:

Во голема меѓународна операција против кибер криминалот, предводена од САД, открена е криминална мрежа која во 500.000 до милион персонални компјутери ширум светот инсталирала свој софтвер, преку кој празнела банкарски сметки и фалсификувала документи, соопшти американското Министерство за правда.

Софтверот, познат како „Гејмовер Зевс“ (Gameover Zeus), се користел за пробивање на финансиски лозинки и освен тоа ја инсталирал програмата „Криптолокер“ (Cryptolocker), која ги кодирала фајловите во компјутерот и ги декодирала за исплаќање. Само преку „Криптолокер“ кибер криминалците успеале да се стекнат со 27 милиони долари, се наведѕва во соопштението на американското Министерство.

Преку двете програми кибер криминалците украле над 100 милиони долари.

Меѓу жртвите на кипер нападите е и компанија од американската сојузна држава Пенсилванија, која платила 198.000 долари за дешифрирање на своите криптирани документи, како и полициска станица во Масачусетс, која за истата цел платила 750 долари.

Групата, создадена од „Гејмовер Зевс“ е најголемата досега откриена мрежа на меѓусебно поврзани компјутери со опасен софтвер.

Серверите на мрежата биле откриени од украинските власти во Киев и Доњецк. Во операцијата освен САД, учествувале и Австралија,  Германија, Италија, Јапонија, Канада,  Луксембург, Нов Зеланд, Украина, Франција, Европскиот центар за кибер криминал, како и повеќе приватни софтвер компании.

Податоците од истрагата покажуваат дека еден од лидерите на кирминалната кибер мрежа е рускиот државјанин Евгениј Михајлович Богачов. Според американските власти, последното регистрирано место на живеење на Богачов било руското црноморско летувалиште Анапа. Во податоците на руската Федерална служба за безбедност се наведени изјави на луѓе кои го познаваат и на кои тој им тврдел дека ја создал оригиналната програма „Зевс“, презентирана уште во 2006 година.

Сите досегашни обиди за апсење на Богачов се покажале неуспешни, а шансите да биде екстрадиран од Русија за да му се суди пред странски суд, се никакви.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ