Откриена досега најоддалечената ѕвезда

Од:

Вселенскиот телескоп Хабл ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите.

Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, толку е далеку, што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога вВселената беше седум проценти од нејзината сегашна старост.

– На почетокот речиси да не верувавме, беше многу подалеку од претходно најоддалечената, изјави астрономот Брајан Велч.

Претходниот рекорд беше во 2018 година, кога универзумот бил стар четири милијарди години.

Како што се шири универзумот, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до нас, таа се протега до подолги, поцрвени бранови должини, феномен наречен „црвено поместување“. Светлината на Еарендел доаѓа од ерата наречена црвено поместување 6,2., а Велч тврди дека обично на овие растојанија, цели галаксии изгледаат како мали дамки, а светлината на милион ѕвезди се спојува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Оштетениот руски „Сојуз“ слета на Земјата

Ана Ололовска