Откриен океан во најголемата месечина која кружи околу Сатурн

Од:

Вселенската сонда на НАСА, „Касини“ открила цврсти докази за постоење на подземен океан под ледената површина на Титан, најголемата месечина на Сатурн.

Ова откритие го вбројува Титан меѓу неколкуте познати месечини во вселената во кои имаат подповршински води, како што се најголемата месечина на Јупитер, Европа и малата месечина на Сатрурн, Енцеладус.

Доказите за постоењето на вода на Титан, сондата ги собираше помеѓу 2004 година и 2011 година кога шест пати поминала во близина на месечината и врз основа на тие податоци, научниците го откриле составот добивајќи го од силата на гравитацијата што ја има Сатурн.

„Присуството на вода не значи дека постои живот”, соопшти Лучијано Лес, од римскиот истражувачки центар, но Титан има многу занимливости, мешавина на јаглеводороди, хидролошкиот циклус и густа атмосфера.

Научниците се уште не знаат дали подземниот океан е поврзан со карпи, можни извори на минерали и други елементи неопходни за живот.

Повеќе информации ќе имаат дури во 2017 година кога сондата повторно ќе го посети Титан.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата