Откриен микроконтинент во Индискиот Океан

Од:

Под островите Маурициус и Реунион се крие предисториски микроконтинент сокриен под дебел слој на лава, на илјадници метри под Индискиот Океан, се тврди во една нова студија на британската научна ревија „Нејчр Геосајнс“

Како што прнесеува дописникот на МИА од Париз, во текстот се тврди дека континентот, наречен Мауриција, пред околу 60 милиони години се одделил од сегашниот остров Мадагаскар, кога тој се оддалечувал од Индија.

Во меѓувреме микро-континентот бил покриен со огромни количества на лава дојдена од длабочината на земјата, стои во студијата.

Создавањето на континентите се поврзува со издигнувањета на екстремно врели карпи што потекнуваат од земјините длабочини. Нивните температурите се толку многу високи, што тие можат да ја омекнат тектонската плоча и да ја поделат на два дела на нивото на интензивните вулкански активности.

На тој начин источниот дел на суперконтинентот Гондвана, кој се појавил пред околу 600 милиони години, започнал да се дели во периотот на Јура и на тој начин биле создадени Мадагаскар, Индија, Австралија и Антарктикот, кои со поместување дошле во сегашните положби.

Но, делови од овие континенски маси се изгубиле во текот на „патувањето“, како што е случајот со архипелагот на Сејшелите.

Според студијата на меѓународната екипа, анализита на вулканската песок од плажите на Маурициус наведува на заклучок дека е можно да постојат и други слични микроконтиненти како Мауриција или Сејшелите.

– Ние докажавме дека делови од континентот продолжиле да се движат под вулканската покривка на Реунион, што објаснува зошто тој е преплавен од вулкански карпи кои никогаш досега не биле идентификувани, изјави на Бернард Штајнбергер од германскиот центар ГФЗ.

Тоа што додега се интерпретираше како единствена трага од реунионската покривка, всушност беше составена од континентални делови, како тие на Сејшелите, се заклучува студијата, според која, Индискиот Океан може да крие повеќе делови на континентот.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска