Технолошката компанија Мета, сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, објави дека ќе отпушти околу пет отсто од вработените со најниски резултати во компанијата, а нејзиниот извршен директор Марк Зукерберг им кажа на работниците во интерен меморандум дека 2025 година ќе биде „интензивна година“.
Мета вработила околу 72.000 луѓе, според нејзиниот последен квартален извештај, така што намалувањето на работните места за пет проценти ќе влијае на приближно 3.600 луѓе. Засегнатите вработени ќе бидат известени до 10 февруари, пренесува Tech Crunch.
„Одлучив да ја подигнам границата за управување со перформансите и побрзо да ги отстранам оние со слаби перформанси“, рече Зукерберг.
Компанијата претходно елиминираше 21.000 работни места, или речиси четвртина од својата работна сила, во 2022 и 2023 година, пренесува CNBC.
Мета тогаш рече дека отпуштањата биле неопходни за да се подобри ефикасноста откако компанијата вработила премногу луѓе за време на пандемијата на коронавирус, објавија медиумите.