Осумнаесетгодишен Сириец обвинет за нападот во лондонското метро

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека покренала официјално обвинение против 18-годишниот Сириец, Ахмед Хасан во врска со нападот во лондоското метро минатиот петок.

Во полициското соопштение се посочува дека Хасан е обвинет за обид за убиство во рамки на истрагата околку бомбашкиот напад во метро станицата „Парсонс Грин“ на 15 септември, при што беа ранети 30 лица.

Сирискиот тинејџер се сомничи дека ја поставил рачно изработената бомба што експлодира во последниот вагон на возот на подземанта железница.

Хасан беше уапсен во саботата во пристаништето Довер, на брегот на Ламанш, додека се движел кон бродскиот терминал за испловување кон Франција.

Во врска со нападот во метрото, полицијата досега уапси шест лица, но вчера го ослободи 21-годишен Сириец, кој беше приведен во саботата пред еден ресторан за брза храна во Лондон, без против него да покрене какво и да било обвинение.

Засега во притвор остануваат уште четири лица – тројцата осомничени кои беа лишени од слобода на почетокот на неделава во велшкиот град Њупорт, како и еден 17-години, кој беше приведен вчера во јужниот дел на Лондон. Против овие четворица досега не е покренато никакво обвинение.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон