Осум лица загинаа, а две други се повредени денеска при пожар во мала фабрика за производство на торти во предградие на виетнамскиот главен град Ханој.
Претставник на локалните власти информира дека по избувнувањето на пожарот неколку вработени останале заглавени во фабричкиот погон.
Во време на избувнувањето на пожарот во фабриката се наоѓале 20 работници.
Причините за пожарот засега не се познати.