Осуммина загинати при напад врз конвој на НАТО во Кабул

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 28 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад врз конвој возила на силите на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите загинати при нападот се Авганистанци, додека меѓу ранетите има тројца американски војници, а остантите 25 се авганистански цивили.

Нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот во автомобил бомба додека крај него минувал конвојот американски оклопни возила.

Како што јави ДПА, при нападот, што се случил во близина на Амбасадата на САД во Кабул, биле уништени или сериозно оштетени неколку цивилни возила.

Претставникот на единицата на американските маринци во Авганистан, капетан Бил Салвин потврди дека при нападот се ранети тројца војници.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Столтенберг: НАТО ја потврди својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина

Горан Наумовски