Земјите-членки на НАТО ја потврдија својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина на состанокот на Советот НАТО-Украина, на кој учествуваат претставници од воената алијанса и Киев, објави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.
„Украина продолжува да пресретнува руски ракети на дневна основа, спасувајќи безброј животи. Но, способноста на Украина да ја одржи својата одбрана бара зголемени резерви и поголема поддршка“, се вели во соопштението на Столтенберг.
Тој посочи дека НАТО мора да продолжи да обезбедува опрема и муниција што и е потребна на Украина за нејзината одбрана, пренесува Ројтерс.