Осум жртви на студот во Италија, многу сообраќајни незгоди во Германија

Од:

Исклучително студеното време во Италија предизвика осум жртви, пренесоа американските медиуми.

Меѓу настраданите има и двајца бездомници, од кои едниот бил пронајден мртов во приземеје од една напуштена зграда во Милано, а вториот починал на улица, крај реката Арно во Фиренца.

Во западна Германија студот и замрзните сообраќајници беа причина за мноштвото инциденти на патиштата.

Во Хамбург пожарникарите биле повикани да укажат помош во 415 инциденти, поврзани со голомразицата.

Луѓето во Германија се повикуваат да не излегуваат надвор заради студот. На одредени места, заради влошените метеоролошки услови, јавниот транспорт има нов распоред на возење.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска