Најмалку осум лица загинаа, а 24 се исчезнати во поплавите предизвикани од невремето на југот на Мароко, соопштија властите.
Во соопштението се наведува дека потрагата по исчезнатите продолжува во регионите Гулемим, Агадир, Уарзазате и Маракеш, кои ги погоди исклучително силно невреме.
Весниците на арапски јазик „Масае“ и „Ахдат“, објавија меѓутоа дека во поплавите загинале 16 лица, додека 22 се исчезнати.
Стотина куќи се делумно или целосно уништени, а сто патишта отсечени, вклучувајќи и шест национални сообраќајници.