Осум лица се убиени во Дарфур за време на протестите против високите цени

Од:

Осум лица се убиени за време на протестите во Дарфур, против зголемувањето на цените, соопшти полицијата.

Активистите ја обвинуваат полицијата дека користи борбена муниција, за да ги задуши најголемите антивладини протести, по објавувањето на мерките за штедење од страна на претседателот Омар Хасан ал Башир.

Над илјада лица, претежно студенти, фрлаа кон полицајците со камења и ги блокираа патиштата во трговскиот регион на најголемиот град во Дарфур, Ниала. Демонстрантите протестираа против зголемувањето на цените на горивата. Тие извикуваа „Не на високите цени“ и „Луѓето сакаат смена на режимот“.

Полицијата беше принидена да дејствува и да употреби минимална сила, со цел да ја стави ситуацијата под контрола, да ги заштити полицајците и да ги заштити материјалните добра, при што загинаа осум лица, се наведува во соопштението на полициските сили.

Во судирите се ранети повеќе лица, од кои 24 се полицајци, а тројца од нив се посериозно повредени.

Полицијата соопшти дека демонстрантите опожариле полициски објекти, владини згради, бензински станици и една аптека.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска