Осуден првиот руски војник за злосторства во Украина, доби доживотен затвор

Од:

Украинскиот суд го осуди за воени злосторства на доживотен затвор рускиот војник кој уби невооружен цивил. Ова е прво судење во Украина за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на таа земја.

Наредникот Вадим Шишимарин кој има 21 година беше осуден за убиство на цивилот Олександр Шелипов (62). Шишимарин го убил Шелипов со истрели од автоматска пушка калашников на 28 февруари во селото Чупакивка.

Шишимарин се изјасни за виновен, но рече дека постапил по наредба и и се извини на вдовицата на Олександар Шелипов.

Москва негира дека руски војници убиваат украински цивили, а Украина тврди дека истражува повеќе од 10.000 случаи на можни руски воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков