Остра реакција на Русите за инцидентот кај Крим: Британија провоцира, ако се повтори – таа ќе одговара

Од:

Доколку се повтори инцидент сличен на вчерашниот со бродот „ХМС Дифендер“, одговорноста ќе биде на Велика Британија, се вели во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, по „блиската средба“ на воените бродови на двете земји кај спорниот полуостров Крим.

Официјалниот став на Русија за вчерашните случувања му беше врачен на британската амбасадорка Дебра Бронерт, која денеска беше повикана во руското министерство на разговор.

„На амбасадорката ѝ е врачен одлучен протест против навлегувањето во руска територија и провокативните и опасни акции на бродот на Кралската морнарица, што Русија го смета за очигледно кршење на конвенцијата на ООН од 1982 година за Законот за пловидба. Посебно ѝ нагласивме дека, доколку ваквите провокации се повторат одговорноста за последиците кои ќе следат, ќе биде на Велика Британија“, се вели во официјалното руско соопштение.

Русија денеска објави и своја снимка од инцидентот во Црното Море, тврдејќи дека нејзината морнарица го протерала британскиот брод.

Вчера, руското министерство за одбрана извести дека Сојузната поморска гранична контрола „спречила упад на британскиот брод на руска територија во близина на Крим“. Според руската страна, британскиот разурнувач влегол три километри во руските територијални води, а патролниот брод испукал неколку предупредувачки истрели, откако авион Су-24м претходно истрелал неколку ракети во водата покрај британското пловило. „Дифендер“ потоа ги напуштил водите на Русија, се вели во соопштението на министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија