Остин: Сите сме запрепастени од распадот на авганистанската армија

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска во Конгресот рече дека Пентагон бил запрепастен од ненадејното распаѓање на авганистанската војска, признавајќи дека имало погрешни пресметки во најдолгата војна на САД, вклучувајќи корупција и низок морал на авганистанските војници.

– Фактот дека ние и нашите партнери ја обучувавме авганистанската армија едноставно се стопи – во многу случаи без истрел – и тоа не запрепасти, рече Остин пред сенатскиот Комитет за воена служба.

– Би било неправедно да се тврди поинаку, рече американскиот секретар за одбрана.

Остин зборуваше на почетокот на дводневното сослушување за хаотичниот крај на војната во Авганистан, во кој загинаа американски војници и цивили од Авганистан, а талибанците повторно дојдоа на власт.

Комитетите во Сенатот и Претставничкиот дом денеска и утре сослушуваат официјални претставници, а републиканците се надеваат дека ќе ги истакнат неуспесите на администрацијата на претседателот Џо Бајден во завршувањето на 20-годишната војна.

Пред две недели, државниот секретар Ентони Блинкен беше подложен на слични испрашувања во Конгресот, при што одлучно ја бранеше владата, иако имаше и повици за негова оставка.

Остин го пофали американскиот персонал кој помогна во евакуација на 124.000 Авганистанци од земјата во операцијата во која животот го загубија 13 американски војници, како и бројни Авганистанци во самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Кабул.

– Дали беше совршено? Се разбира дека не, рече Острин.

Тој потсети на очајните Авганистанци кои беа убиени качувајќи се на американскиот воен авион и цивилите убиени во последниот напад на Американците извршен со беспилотно летало.

Сенаторот Џејмс Инхофе, републиканец во сенатскиот Комитет за воена служба, директно ја обвини администрацијата на Бајден за срамниот крај на 20-годишната американска операција во Авганистан.

Инхофе рече дека Бајден ги игнорирал препораките на воените команданти и оставил многу Американци по повлекувањето на американската војска.

– Сведоци сме на ужасот на одлуките на претседателот, рече Инхофе.

Сепак, со најтешки прашања може да се соочат двајца високи американски команданти кои допрва ќе сведочат – генерал Марк Мили, командант на Здружениот Генералштаб и генералот во морнарицата Френк Мекензи, командант на Централноамериканската команда

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски