Оставка поднесе американскиот специјален пратеник за Хаити поради протерувањето мигранти

Од:

Американскиот специјален пратеник за Хаити поднесе оставка од протест поради „нехумано“ и масовно враќање на мигранти во земјата погодена од граѓански конфликти и природни катастрофи, јавија денеска американските власти.

Даниел Фут беше назначен на таа позиција во јули по убиството на претседателот на Хаити.

Дури и пред протерувањето на мигрантите од малиот пограничен град Дел Рио во американската држава Тексас, американскиот дипломат покажа фрустрација, според него, поради бавното дејствување на Вашингтон во напорите за подобрување на условите на Хаити.

Фут му напиша на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека веднаш ја напушта функцијата со „длабоко разочарување и извинување до оние кои бараат клучни промени“.

„Не сакам да се поврзувам со нехуманата, контрапродуктивна одлука на САД да депортираат илјадници бегалци и илегални мигранти назад во Хаити, земја во која американските службеници се ограничени на безбедни комплекси поради опасностите од вооружените банди во секојдневниот живот живот“, напиша Фут.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски