Оставка на претседателот на „Тошиба“ за преувеличување на профитот на компанијата

Од:

Претседателот и извршен директор на јапонската компанија „Тошиба“ Хисао Танака, поднесе оставка, откако беше утврдено дека бил преувеличуван профитот во последните шест години.

Оставка на функцијата поднесе и потпретседателот на компанијата, Норио Сасаки.

Една независна истрага за работата на оваа во светот позната електронска компанија, утврди дека „Тошиба“ го преувеличила својот профит до 151,9 милијарди јени (околу 1,2 милијарди американски долари).

Истрагата утврди дека прикажуваниот профит бил за три пати поголем од реалниот.

Јапонскиот министер за финансии, Таро Асо изрази длабоко жалење поради случувањата во „Тошиба“. Тој предупреди дека овој скандал може да ја „поткопа довербата“ во менаџирањето на компаниите во Јапонија, што би било лошо за домашната економија.

Владата во Токио настојува да ја поврати довербата на светските инвеститори, инсистирајќи на подоброто управување со јапонските компании, што беше доведено во прашање по скандалот во компанијата „Олимпус“ од крајот на 2011 година, кога се откри дека била прикривана загубата од 1,7 милијарди долари.

Случајот на „Олимпус“ беше дотогаш најголемиот скандал направен со лажни и невистините пресметковни операции во историјата на јапонските компании.

Откривањето на сличен таков случај и во „Тошиба“ предизвика пад на нејзините акции на берзата во Токио за шест отсто. Оставката на претседателот на компанијата ја поврати позицијата на компанијата на берзата, но нејзините акции и понатаму се пониски за 23 отсто, во споредба со времето пред април оваа година, кога првпат се дозна за преувеличувањето на нејзиниот профит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија