Оставка на претседателката на најмалата партија во поранешната владејачка коалиција на Чешка

Од:

Каролина Пик, претседателка на партијата Либералнодемократска партија (ЛИДЕМ), која беше дел од поранешната чешка владејачка коалиција поднесе оставка на функцијата, јави дописникот на МИА од Прага.

Пик, вчера беше цел на критики откако одби да гласа против Владата на премиерот Руснок во Парламентот, како што тоа го направија нејзините партиски колеги заедно со пратениците од партиите на поранешната владејачка коалиција – Граѓанските демократи, ОДС и ТОП 09.

Владата на Руснок не доби доволен број гласови и деновиве е најавена оставка на целиот Кабинет. Вчерашното гласање за техничката Влада, која беше назначена по оставката на Петр Нечас заради незаконско прислушување и корупциски скандал, резултираше и со исклучување на двајца пратеници од пратеничкиот клуб на најголемата партија на десницата, ОДС.

Томаш Улехл и Јан Флориан за време на гласањето за давање доверба на Кабинетот на Руснок излегоа од салата, со што го доведоа во прашање ставот на поранешната коалиција за изгласување недоверба на Владата.

Владата на Руснок не ја доби мнозинската поддршка од пратениците, од кои 93 гласаа „за“, а 100 пратеници беа против овој министерски состав.

Според најавите, парламентарните партии во Чешка се согласуваат дека единствено решение од политичката ситуација во земјата е распуштање на Парламентот и распишување на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски