Оставка на новиот лидер на УКИП по само 18 дена од изборот

Од:

Лидерот на антиевропската Партија на независнста на Обединетото Кралство (УКИП), Дајана Џејмс поднесе оставка на функцијата, само 18 дена по нејзиниот избор.

Таа го замени Најџел Фараж, кој поднесе оставка на лидерската позиција веднаш по референдумот од 23 јуни, иако победи опцијата за Брегзит што тој ја поддржуваше.

Во кусата изјава, Џејмс вели дека нејзината одлука да се повлече од функцијата ја донела поради „професионални и лични причини“.

Џејмс во изјавата објаснува дека во изминатите неполни три недели од изборот, утврдила дека не може да воспостави доволно авторитет во партијата, па затоа и немало формализација на нејзината номинација.

Во кусиот рок од партиските избори, до оставката, таа не успеа да определи ниту свој заменик лидер, па најверојатно партијата ќе продолжи да ја води Најџел Фараж.

Тој денеска одново потврди дека се „пензионирал“ и дека нема да се кандидира за лидер на УКИП, но аналитичарите во Лондон се сомневаат дека Фараж ќе опстои на уверувањата што ги дава.

На двапати досега, Фараж поднесуваше оставка, па потоа се предомислуваше и се враќаше на лидерската функција, па неговите политички противници велат дека ја има „приватизирано партијата“.

Џејмс победи уверливо на партиските избори минатиот месец, но во изјава за весникот „Тајмс“ таа објаснува дека утврдила оти од никого во партијата нема поддршка за реформите што ги заговарала во текот на предизбората кампања.

Таа е европратеник, но не е пратеник на британскиот Парламент, како и Фараж, кој на двапати се обидуваше да влезе во Вестминстер, но не успеа.

Двајцата се поранешни ториевци кои преминаа во УКИП.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он