Оспорен мандатот на руската делегација во ПССЕ

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го усвои дневниот ред на зимската сесија, но и одлучи на 28 јануари да одржи итна дебата за терористичките напади во Париз, но и за оспорувањето на мандатот на руската парламентарната делегација истиот ден, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Роберт Валтер, пратеник од Велика Британија ја покрена иницијативата за оспорување на мандатот на руската делегација во согласност со членот 8 на Правилникот на ПССЕ, кој се однесува на „сериозни кршења на фундаменатлните принципи на Советот на Европа“ и „нецелосно и постојано непочитување на своите обврски и анагжирања“. Британскиот парламентарец беше поддржан од најмалку триесет членови на ПССЕ кои беа присутни во салата, од најмалку пет национални делегации.

ПССЕ ќе расправа по ова прашање во среда попладне врз основа на комисијата за следење на обврските на земјите членки и комисијатаз а правни прашања, во согласност со членот 10, гласањето за трите можни опции: да се ратификува мандатот, да не се ратификува или да се ратификува со лишување на дел од нивните права за претставување на членовите на делеагцијата во различноте органи на Собранието.

Гласањето по ова е предвидено по дебатата закажана за в среда навечер.

Членовите на руската делегација ќе можат да заседаваат привремено со истите права како и другите членови на ПССЕ, се додека Собранието не се изјасни по ова прашање, но нема да можат да гласаат за нивните мандати.

Собранието притоа ги ратификува мандатите на сите други 46 национални делегации, меѓу кои и на Република Македонија, предводена од Александар Николоски со пратениците Владимир Ѓорчев и Ермира Мехмети Деваја. Нашата делагација не е целосна, бидејќи во неа не се наоѓаат претставниците на СДСМ кои одбиваат да заседаваат во Собранието на Република Македонија.

Главните теми на зимската сесија покрај погоре наведените се дебатата за заштита на слободата на медиумите во Европа, како и хуманитарната ситуација во Украина. Потоа,нетолеранцијата и дискриминацијата во Европа, со посебен акцент врз христијаните, како и заедничката дебата за еднаквоста и за кризата, како и на правото на колективно преговарање, вклучувајќи го и правото на штрајк.

Пратениците ќе расправаат и за извештајот за односите меѓу Советот на Европа и Европската унија.

Министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, во својство на актуелен претседавач со Комитетот на министри, ќе ги претстави приоритетите на белгиското претседателство и ќе одговора на прашањата на парламентарците.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, исто така, ќе има свое обраќање, а комесарот за човекови права, Нилс Муижниексс, ќе зборува во рамките на дебатата за Украина. Пред пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се обрати ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс

Веднаш по отворањето на сесијата, во Парламентарното Собрание и пред Палатата на Европа се одржи свеченост по повод одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц на која е предвидено да се обратат преживеани од Аушвиц.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска