Основачите на платформата за детска порнографија „Елизиум“ осудени на долги затворски казни

Од:

Судот во германскиот град Лимбург денеска изрече долгогодишни затворски казни за четворицата мажи кои ја основале и раководеле со „Елизиум“, една од најголемите платформи во светот за детска порнографија.

Регионалниот суд во Лимбург пресуди дека тие ја основале, управувале и користеле една од најголемите платформи за детска порнографија во светот. Еден од обвинетите, 63-годишен маж, исто така беше прогласен за виновен и за сексуално малтретирање на две мали деца.

Судот донесе пресуди кои се движат од само четири години до речиси 10 години затвор, додека Обвинителството бараше девет години затвор. Сите четворица во најголем дел ги признаа обвиненијата.

Во моментот кога платформата беше затворена, во јули 2017 година, имаше дури 111.000 корисници. Таа беше ориентирана кон меѓународни корисници, а разговорите се воделе на германски, англиски, француски, шпански и италијански јазик. Со платформата е управувано од Германија, а на педофилите ширум светот им било овозможено да гледаат фотографии и видео-материјали со натешко злоставување деца. Серверот за „Елизум“, наречен според некој вид рај од грчката митологија, се наоѓал во авто-работилницата на еден од осудените.

Тие не беа обвинети за здружено дејствување, бидејќи и воопшто не се познавале меѓу себе. Тоа е можно поради спецификите на „Даркнет“, односно делот од Интернетот кој овозможува анонимна комуникација со посредство на специјални пребарувачи како „Тор“. На тој начин, благодарејќи на различни техники, двајца корисници можат да воспостават безбедна врска и да разменуваат податоци кои другите корисници не можат да ги видат.

За дилерите кои се занимаваат со детска порнографија, посебно е атрактивно тоа што таа приватна мрежа може да се прошири со дополнителни контакти и секој контакт да остане неповрзан со класичниот интернет. Односно, не постои еден „Даркнет“, туку бројни мали и големи мрежи.

Платформата за секоја перверзија нудела посебна категорија: мали деца и бебиња, девојчиња и момчиња, фетиш дел со садо-мазо или содомија.

Според полициската статистика, во изминатата година во Германија 13.500 деца биле жртва на сексуално насилство и експлоатација, но експертите предупредуваат дека реалните бројки се значително поголеми. Светската здравствена организација проценува дека во Германија жртви на сексуално насилство се околу милион момчиња и девојчиња, или како што пресмета Дојче веле, по две деца од секое одделение.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“