ФОТО: Ослободителна пресуда за случајот на убиство што расно ги подели САД

Од:

САД стравуваат од расни немири, откако поротата во градот Сенфорд во Флорида му изрече ослободителна пресуда на 28-годишниот Џорџ Зимерман, обвинет за минатогодишното убиство на 17-годишното момче Трејвон Мартин, јави дописникот на МИА.

Убиството се случило по нивната меѓусебна физичка пресметка на 26. февруари 2012 година, кога Зимерман го забележан Мартин како во вечерно време се движи меѓу куќите во кои населбата во која живеел.

zimmermanvesnik

Сомневајќи се дека се работи за еден од големиот број крадци кои честопати напаѓале куќи во оваа населба, Зимерман повикал полиција, а потоа се обидел да го запре момчето, кое одело кон куќата на неговиот татко. По расправијата, Мартин го соборил Зимерман и почнал да го удира, по што Зимерман смртно го застрелал еднаш во градите.

Trayvon-

Фактот дека Зимерман потекнува од бел татко и Хиспаноамериканска мајка, додека Мартин е Афроамериканец му даде расна конотација на целиот случај, особено откако обвинителот од Сенфорд наредил Зимерман да биде ослободен без да покрене обвинение против него, сметајќи дека се работи за случај на убиство во самоодбрана. Законот на Флорида дозволува граѓаните да употребат сила за да одбијат напад, без да имаат обврска притоа да се повлечат пред напаѓачот.

Trayvon-protesti

 

Но, поради силниот притисок на афроамерикански здруженија, медиумите, па дури и претседателот Барак Обама, кој му изрази сочувство на семејството Мартин велејќи дека “кога би имал син би изгледал како Трејвон”, обвинителството покрена процес против Зимерман поради убиство од небрежност.

Demonstrators react outside court after hearing the verdict.

И обвинителството и одбраната се обидоа да изнесат докази против учесниците во тепачката, честопати прекумедиумите.

WideModern_ZimmermanInjuries_130709620x413

Обвинителството укажа дека Зимерман самиот се прогласил за член на стражарската служба во населбата во која што живеел и дека повеќе пати пријавувал сомнителни минувачи низ населбата. Во телефонскиот разговор со полицијата на вечерта на инцидентот, полицаецот го советува да не го следи Мартин, а Зимерман пцуе и вели дека “овие гадови секогаш ни бегаат”.

– На осомничениот му беше смачено од се. Тој сакал да биде полицаец, изјави обвинителката Берни де ла Рионда.

Одбраната, пак, изнесе докази дека Мартин бил честопати суспендиран на училиште, под сомнеж дека извршил кражби на накит, деликвенција, како и за употреба на марихуана.

844482acc1

Двете страни изнесуваа фотографии од убиеното момче, обвинителството фотографии од неговите рани средношколски денови на кои тој изгледа како пристојно и воспитано дете, додека обвинителството објави фотографии на кои Трејвон Мартин делува застрашувачки со качулка на главата, која ја носел и вечерта на убиството. Фотографиите на кои се гледа како

Зимерман има повреди на носот и на главата по тепачката со Мартин исто така и помогнаа на одбраната.

0701-zimmerman-shocked_full_600

Пред судот во Сенфорд се формирала порота од шест жени, пет бели и една Хиспаноамериканка. Во текот на судењето, кое започна на 20 јуни, одбраната започна лошо, поради несмасната шега со која главниот адвокат на одбраната Дон Вест го започна процесот.

130627192811-17-zimmerman-trial-0624-horizontal-gallery

Но, обвинителството претрпе катастрофа при сведочењето на Рејчел Џентил, пријателка на Мартин на која тој и се јавил по телефон. Џентил посведочи дека Мартин исто така употребил пцости кон Зимерман додека овој го следел, и потоа застанал скоро пред вратата на куќата на неговиот татко и остави впечаток дека Мартин сакал да се пресмета со лицето што го следело.

Sybrina Fulton,Tracy Martin

Повеќе сведоци изјавија дека виделе како Мартин седи врз Зимерман и го удира со тупаници. Во потресен момент на судењето, и мајката на Зимерман и мајката на Мартин сведочеа дека нејзиниот син извикувал за помош за време на тепачката, слушајќи ја снимката направена кога еден од соседите се јавил во полиција да пријави тепачка.

Sabrina-Fulton-Tracy-Martin-PhotoAP-Orlando-Sentinel-Gary-W-Green-Pool

Чувствувајќи дека го губи процесот, обвинителството се обиде да го прошири списокот на обвиненија, барајќи пресуда против Зимерман за малтретирање на дете, која потоа може да се крене на ниво на пресуда за убиство, но судијата го одби ова барање.

George Zimmerman

На крајот, по еден и пол ден консултации, поротата донесе пресуда дека Зимерман не е виновен, односно дека убиството го извршил во самоодбрана. Пресудата предизвика бурни реакции во јавноста, и веднаш се јавија првите протести во повеќе градови, засега без информации за инциденти.

zimmerman1

– Денес е решавачки ден за статусот на сонот на мојот татко. Каква и да биде пресудата за Зимерман, како што рече мојот татко, мора да се однесуваме на повисокото ниво на достоинство и дисциплина, порача Бернис Кинг, ќерка на познатиот борец за правата на Афроамериканците доктор Мартин Лутер Кинг, повикувајќи протестите против пресудата за Зимерман да бидат мирни.

zimmerman

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина