Ослободете ги Курдите

Од:

Економист – Лондон

Курдите, кои ги има околу 25 милиони, се едни од најброните народи во светот без своја држава. Други мали нации во нивниот регион имаат дом, почнувајќи од Арапите, Персијците и Турците; Евреите го создадоа (или како што самите велат го обновија) Израел по Втората светска војна; а Ерменија и Грузија повторно се појавија како независни држави по распаѓањето на Советскиот сојуз.

Курдите двапати биле до остварување на својот сон – веднаш по Првата светска војна и распадот на Османлиската Империја, кога им била ветена држава согласно Севрскиот договор, и повторно по Втората светска војна, кога десет месеци на територијата на денешен северозападен Иран постоела курдската држава Махабад.

Сега курдскиот реон во Ирак во кој живеат околу шест милиони луѓе, е независен по се, освен по називот. Тој е единствен сосема функционален дел од таа растурена држава. Реонот процвета откако во 1991 година Западот почна да го заштитува од Садам Хусеин. Реонот заслужува да го заземе своето место во заедницата на независни нации, кога ќе дојде време за тоа.

Според принципот што го постави пред еден век американскиот претседател Вудроу Вилсон, нациите би треало да имаат „безусловна можност за самостоен развој“. Некоја земја би требало да може да добие независност ако е во состојба самостојно да функционира, да се придржува кон демократските норми и да ги почитува своите малцинства. За да бидат исполнети неопходните барања, ирачките Курди би требало тоа повторно да го потврдат со гласање, имено дека сакат да имаат сопствена татковина.

Освен да биде економски и демократски самоодржлива, новата држава треба да може да биде воено заштитена и да се откаже до секакви намери да создава Голем Курдистан, со отцепување на делови од Турција, Иран и Сирија. И треба да добие одобрување од своите соседи. И треба своите односи да ги уреди со владата на Ирак, вклучително и каде да се протега границата.

Во рацете на Курдите е да подржат самостојна економија. Тие црпат се поголеми количества нафта, а ирачката централна Влада на крај се согласи на формулата која ќе и овозможи да задржи лавовски дел од заработувачата. Тие се надеваат наскоро да произведуваат по 800.000 барели нафта на ден и да заработат 17 милијарди долари годишно, според сегашните цени.

Демократијата е воспоставена, иако не е целосно дооформена. Ирачки Курдистан има редовни избори, жив Парламент, мноштво политички партии и гласни медиуми. Со сигурност судовите се слаби, лидерите се со феудални навики, новинарите понекогаш се малтретирани, а тамошната состојба со човековите права не е сосема дефинирана.

Но, тој е подемократски од останатиот дел од Ирак, иако фанатиците од Исламската држава се распоредуваат по долгата граница. Тој е поштеден од гледна точка на тоа што таму ретко има самоубиствени напади и злосторства како оние кои ги прават членовите на различи заедници и вооружени форммации во Багдад и на други места во арапскиот дел од Ирак.

Регионалните политики се покомплицирино прашање. Турција и Иран одамна се спротивставуваат на независен Курдистан на територијата на Ирак, стравувајќи дека и нивните Курди би можеле да се обидат да го следат тој пример и ирачки Курдистан да стане центар на курдските бунтовнички движења во соседството.

Но, дури и во однос на тоа има напредок во корист на курдската кауза. Сирија, каде има малку веројатност дека наскоро може да биде воспотавена централизирана држава, едвај е во состојба да се спротивстави на отцепувањето на сириските Курди. Иран гради прагматични врски со нив. Односите меѓу ирачки Курдистан и Турција, која е најзагрижениот сосед, забележително се затоплуваат.

Засега изгледа дека Курдите во југоисточна Турција, кои се доста помногубројни од оние во Ирак, ја стивнуваат својата желба за посебна држава и наместо тоа се стремат кон автономија. Освен тоа, повеќето Курди во Турција кои се асмилирани во Истанбул и на други места, не сакаат да се отцепат. Заради тоа, Турицја може да го прифати независен Курдистан на својата југоисточна граница.

Долгорочните перспективи се исто така добри. Други држави кои се основани според етнички принцип – на пример Албанија, се воздржуваат на искушението да ги вклучат териториите на своите собраќа од соседните држави. Бидејќи не излегува на море, Ирачки Курдистан ќе има потреба од пристап до пазарите за својата нафта што прави уште поважно тој да е во добри односи со своите соседи, особено со Турција. Западните држави би требало јасно да дадат до знаење дека независен Курдистан нема да добива помош ако ги распалува страстите меѓу сепаратиситчки настроените Курди на својата граница.

Што се однеусва до Арапите во Ирак, колку повеќе тие не се способни да управуваат со својот дел од државата, толку помалку имаат право да им пречат на Курдите да управуваат со својата. Отцепувањето останува преседан на Блискиот Исток. Ирачките Курди знаат дека треба да работат со силите во Багдад и да водат тешки преговори за нафтата.

По падот на Мосул (кој е под контрола на Исламската држава), Курдистан бавно се приближува кон фактичка независност со седише во Ербил. И покрај тоа што лудаците од Исламска држава се закануваат пред портите на Багдад, засега не може да дојде до разделување. Но, кога ќе дојде време за тоа, отцепувањето би им дало на Курдите меѓународна заштита од секакви обиди на ирачките Арапи да ја земат контролата со сила. Курдите сакаат сопствена држава. Тие ја заслужуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници