Суд во Судан ослободи 27-годишна жена која минатиот месец беше осудена на смрт затоа што се омажи за христијанин.
Брак со човек со христијанска вероисповед се смета за киднапирање и прељуба и казната е камшикување и смрт со бесење.
Адвокатот Мухамед Мустафа рече дека е Маријам Јахја Ибрахим е ослободена и пренесена во куќа на непозната локација, заради нејзина безбедност.
– Нејзиното семејство порано и се закануваше и загрижени сме некој да не ја повреди, рече Мустафа.
Маријам Ибрахим пораснала со мајка христијанка, а татко муслиман кој ја остави нејзината мајка веднаш по забременувањето. Одгледана е со православен дух, и со апсењето била уценувана да се откаже од верата.
Во затворот на 27 мај роди девојче, второ дете со сопругот Даниел Ваниј.