Ослободен затвореник ги убил родителите во Лондон и се самоубил

Од:

Еден осуден силувач од Лондон, кој штотуку бил пуштен од затвор, ги убил своите родители, по што, најверојатно, се самоубил.

Во соопштението на Скотланд јард се вели дека полицијата засега нема објаснување за смртта на осомничениот убиец, но потврдено е дека не се трага по друг сторител.

Семејната драма била откриена, откако било пронајдено мртвото тело на 30-годишниот Ашраф Амран, крај една зграда во лондонскиот кварт Падингтон.

Кога полицајците отишле да ги известат неговите родители за смртта на Ашраф, во нивниот стан ги откриле мртвите тела на таткото Хасан и мајката Зохра Амран.

Лондонските весници пишуваат дека откако ги убил своите родители по една семејна расправија, Ашраф се качил на највисоката точка од заградата во која живеел и „скокнал во смрт“.

Нема сознанија што ја предизвикало оваа трагедија во семејството Амран. Соседите им изјавиле на новинарите дека минатата недела често слушале расправии од станот на семејството.

Во 2010 година, Ашраф Амран бил осуден од еден лондонски суд на седум години и два месеци затвор за силување и „сериозен сексуален престап“/

Од затворот бил пуштен само неколку денови пред да се случи семејната трагедија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он