Ослободен последниот француски заложник на Ал Каеда

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека е ослободен последниот француски заложник на Ал Каеда, Серж Лазаревиќ, јави дописникот на МИА од Париз.

Лазаревиќ, на возраст од 50 години, беше грабнат во Мали во 2011 година од страна на припадници на грипата Ал Каеда во исламскиот Магреб (АКМИ), заедно со Филип Вердон, кој беше пронајден застрелан со куршум во главата во јули 2013 година. Серж Лазаревиќ е со двојно државјанство француско и српско.

АКМИ во средината на ноември објави видео снимка на која беше идентификуван Серж Лазаревиќ и на која поктрај него се гледаше и вториот заложник во рацете на АКМИ, Холанѓанецот Сјаак Ријке.

Засега нема детали околу ослободување на Лазаревиќ.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски