Ослободен либискиот премиер Али Зејдан

Од:

Либискиот премиер Али Зејдан е ослободен, откако беше уапсен на неколку часа од група поранешни бунтовници, објави либискиот министер за надворешни работи Мохамед Абделазиз.

– Зејдан е ослободен, но се уште немаме детали за околностите околу неговото ослободување, истакна министерот.

Одделот за борба против криминалот при Министерството за внатрешни работи на Либија денеска соопшти дека премиерот Али Зејдан е приведен од групата Оперативен штаб на либиските револуционери во хотелот „Коринтија“, каде се наоѓа неговиот кабинет.

 

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании