Советникот на либискиот премиер Мохамед Али Гатус, е ослободен по осум дена откако го киднапираа припадници на полицијата, изјави вчера заменик на премиерот Абдел-Салам-ал – Кади.
Гатус исчезна во периодот на ескалација на затегнатоста на либиската влада и воружени групации на бунтовниците кои се борат против режимот на долгогодишниот либиски водач Моамер Гадафи.
Неколку дена пред грабнувањетона Гатус, либискиот премиер Али Зидан, во неговиот кабинет го опколија припадници на полицијата, поради неговата изјава во која се закани дека ќе бара странска помош поради борбата со вооружените групации.
На денот на грабнувањето десетина полицајци, го опколија министерството за правда по изјавата на министерот дека дел од полициските групи се незаконски и дека формирале илегални затвори.
Гатус исчезна пред осум дена кога е грабнат од неговиот автомобил, со кој се враќал од градот Мисурат во Триполи.
Зидан изјави дека четири автомобили кои припаѓаат на полицијата учествувале во киднапирањето на Гатус на 31 март источно од Триполи.
Елена Георгиевска